петок, 1 мај 2026

Македонскиот и бугарскиот се два слични, но различни и меѓународно признаени јазици, појасни Заев

Објавено на

часот

Сподели

„Во Софија беше кажано дека македонскиот и бугарскиот се два слични но различни и меѓународно признаени јазици, за да ја разјасниме дилемата што се појави по шпекулациите во медиумите. Никогаш не го отворивме прашањето за идентитето и јазикот. Тоа не е на маса и нема да дозволиме никогаш да биде на маса. За идентитетот и за јазикот не се преговара никогаш“, изјави Заев.

Според него, да, имаме во еден дел заедничка историја и има луѓе кои веруваат дека сме припадници на ист народ, но има и други кои веруваат дека сме посебни народи, а тоа само нѐ „повикува да си помагаме едни на други“.

Заев уште кажа дека во Софија бил утврден интензитетот на работата на заедничката историска комисија, а нашата делегација потврдила дека Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија, дека нема територијални претензии кон кој било сосед и дека Република Северна Македонија се однесува исклучиво на територијата на нашата држава. Според него, Владата е спремна да испрати ноти за ова секаде во ЕУ и онаму каде што треба.  

„И двете страни потврдивме дека не се мешаме ни во внатрешните работи ни во малцинските права во двете држави, бидејќи тие се решени преку Судот за човекови права во Стразбур. Ја потврдивме Декларацијата од нашето Собрание од 2006 година за осуда за жртвите од ‘45 до ‘90 година и декларација во која ги јакнеме нашите пријателски врски и конекции“, додаде Заев.  

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ