петок, 1 мај 2026

Македонски професор креира униформа која предупредува на нервен гас

Објавено на

часот

Сподели

Професорот Јорданов објасни дека овој проект има за цел да развие повеќе функционална униформа што ќе биде огноотпорна, ќе штити од микроорганизми и од УВ-зрачење и што е најбитно ќе детектира дневни гасови со промена на самата боја. Тој информира дека е предвидено според НАТО програмата двајца млади истражувачи од нашата држава, двајца од Србија и двајца од САД да бидат вклучени.

„НАТО ги финансира младите истражувачи да бидат дел од истражувачкиот тим. Тоа е еден од главните услови и освен нашите научници што ќе одат во САД и во Србија и останатите млади истражувачи ќе дојдат кај нас за да бидат обучувани за одреден дел од проектот“, изјави професорот Јорданов.

Министерката за одбрана Радмика Шекеринска денеска се сретна со професорот Јорданов и рече дека земјава може да придонесува во НАТО и со луѓе од науката и луѓе иноватори. Нагласи дека униформите што ќе бидат изработени од високо-технолошки текстилен материјал и која ќе може да детектира присуство на гас, ќе биде од голема корист за војниците од сите членки на Алијнсата.

Шекеринска ја повика научната заедница во земјава да се вклучи со свои проекти и нагласи дека ќе ја има поддршката преку буџетот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ