Како што соопшти Министерството за одбрана, кандидатите за школување на „Вест Поинт” треба да се веќе запишани на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” во учебната 2021/2022 година. Конкурсот за избор на тројца кандидати е објавен на интернет страниците на Министерството за одбрана и на Воената академија и можат да се пријават сите што ги исполнуваат предвидените услови. Школувањето ќе трае четири години.
Инаку, за оваа можност за првпат се разговарало при посетата на министерката Радмила Шекеринска на САД во септември оваа година. Притоа било оценето дека досегашното повремено школување на наши питомци на другите воени академии во САД се покажалo како успешно и дека давањето можност за школување на македонски кадети и на една од најстарите и најпрестижни воени академии, „Вест Поинт” ќе влијае позитивно на квалитетот на нашата Армијаи ќе придонесе кон натамошно продлабочување на соработката и сојузништвото.






