петок, 1 мај 2026

Македонски наспроти северномакедонски

Објавено на

часот

Сподели

Три години по потпишувањето на Преспанскиот договор за жал се обвистинија сите предупредувања дека со новото име Северна Македонија природно на сите јазици ќе си дојде и „северномакедонско“ или „северномакедонци“. Од македонската Влада велат дека тие се посветени во имплементацијата на Преспанскиот договор и дека се упорни во спроведувањето на договореното, а тоа е постојано да се укажува на несоодветната примена на термионот северномакенски.

„Тоа значи дека укажуваме и реагираме на погрешната употреба на придавките кои произлегуваат од Договорот од Преспа и промената на уставното име на државата, онаму кадешто ќе бидат забележани. Во континуитет упатуваме реакции со барање за корекција на написи во странски медиуми каде што сме ја забележиле погрешната придавка. Благодарение на нашите укажувања, БиБиСи и Гардијан тоа го имаат објавено во  своите упатства за користење на придавките“, ни одговорија од Владата и ни посочија неколку посвежи примери на реакции во АБЦњуз и Ројтерс.

Сепак, обидите во континуитет да укажуваат и упатуваат на почитување на Преспанскиот договор може да се претвори во невозможна мисија за владините служби ако навистина доследно се следат примерите на употребата на термините поврзани со северномакедонски. Едноставно премногу се. Подолу наведуваме само неколку поврзани само со Европското првенство. И тоа само од овој месец. А и порано укажувавме на тоа како македонската армија стана северномакедонска армија, претседателот, северномакедонски претседател, премиерот северномакедонскиот премиер…

Стравувањата дека новото име нема да остане само прашање на географска одредница, туку длабоко ќе навлезе во идентитеските прашања – се остваруваат.

Последната реакција од Грција на твитер пораката на македонскиот премиер Зоран Заев уште повеќе ги зголемуваат овие стравувања. Атина најави стопирање на потпишувањето на одредени меморандуми со Македонија, односно стопирање на примената на обврските од Преспанскиот договор само затоа што Заев го употреби терминот македонска фудбалска репрезентација. Вчера Заев веднаш се поправи и рече дека фудбалската репрезентација е на Северна Македонија, иако пред три години заедно со тогашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров ја убедуваа македонската јавност дека македонскиот идентитет е забетониран, дека употребата на македонски не е забранета. Според Атина, слично како и Софија, сега Македонија е таа која не ги почитува меѓународните договори, Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија.

Јасна е борбата и на Атина и на Софија во однос на културното, историско, јазично, фолклорно и идентитетско наследство на македонската територија во пошироката смисла на зборот. Не е јасна позицијата на Скопје.

А.Д.

https://apnews.com/article/denmark-europe-international-soccer-euro-2020-soccer-fadedcee1d0466f52317d23e226cef22?fbclid=IwAR3fqlVwZLM0B9c85FI_cNc783UWb9b8OIfOlW6ro2boEpe8xf3qGlXbf2c

https://www.euro.who.int/en/countries/north-macedonia/news/news/2021/5/who-provides-new-learning-paths-for-health-workers-on-the-covid-19-frontline?fbclid=IwAR1-JaUgz0rhxwO-x_zZzjz570W-5x6XDG5TP9ndg8WWzhsk2qpJdPUTIaA

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ