четврток, 30 април 2026

Левица поднесе кривична пријава против спикерот Џафери

Објавено на

часот

Сподели

„Пријавениот се товари дека – во својство на овластено службено лице, како претседател на Собранието на РМ – на ден 22 јули 2021 година, без да го врати на доработка и неопходно доуредување, а по претходен договор и координација со Владата на РМ, илегално го пуштил во собраниска процедура со ‘европско знаменце’, односно во брза и полна легислативна постапка, контроверзниот Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија – по скратена постапка, со што на пратениците им нанел директна и индиректна штета, преку узурпација на неприкосновеното субјективно пратеничко право на говор и фактичко оневозможување на правото на предлагање амандмани од страна на народните избраници во македонскиот парламент“, се вели во соопштението на партијата.

Левица смета дека на овој начин, „со своето свесно и злонамерно омисивно деликтно дејствие на пропуштање, т.е. неизвршување на својата службена должност (изрично стипулирана во членовите 136 и чл. 60 од Деловникот на Собранието на РМ + чл. 18 од Законот за Собранието на РМ + чл. 67 од Уставот на РМ) – спикерот Џафери, намерно и со предумисла, не се грижел соодветно и должно за примената на Деловникот на Собранието, иако знаел и бил должен да знае дека Предлог-законот во никој случај не ги исполнува деловничките услови, бидејќи истиот не врши никакво усогласување со било која регулатива или директива на ЕУ, туку лажно се наведени конвенции на Обединетите Нации и на Советот на Европа“.

Партијата очекува обвинителството сериозно да ја земе во работа кривичната пријава и по неопходниот распит на пријавениот, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација за овој кривичноправен настан, да покрене обвинение против актуелниот претседател на Собранието.

Со такво постапување, смета Левица, еднаш-засекогаш би се ставил крај на сè позачестената злоупотреба на „европското знаменце” за шверцување штетни закони во парламентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ