
Одговарајќи на новинарско прашање, Курти дообјасни дека неговата Влада од минатото наследила „трагични случаи и тешки предмети, кои имале засебни и тешки процеси“.
„Но, има и други предмети, кои што според мое убедување не се разјаснети до крај и за кои сѐ уште ја немаме целосната вистина. Заедно со премиерот Заев разговаравме дека имаме потреба, не само за поддршка, туку и за меѓународна помош, како би имало правда за двете земји, но и за жртвите, како правдата би дошла до крај и се најде вистината“, изјави Курти.






