петок, 1 мај 2026

Ковид-херои: Евроамбасадорот Гир им врачи сертификати за пожртвуваност на Пачемски, Стаменов, Јанкуловски…

Објавено на

часот

Сподели

Полицискиот инспектор Жарко Пачемски, мадицинскиот техничар Денис Јанкуловски, Борче Стаменов познат како „Донирај комјутер”, хуманитарецот Али Февзи, Билјана Проеска, Владимир Костовски, Кристина Скапаровска, Никола Глигоровски, Ивица Поцков, Фатим Демирај, Бобан Поповски и Димитар Зеизов беа гости во Резиденцијата на Европската Унија и евроамбасадорот Гир им врачи сертификати како признание за нивната хуманост и пожртвуваност.

Беа наречени ковид-херои бидејќи се луѓе кои оставаат огромен печат преку едноставни гестови на љубезност, ден по ден. На тој начин се истакнуваат во своите заедници и се инспирација за сите нас.

Пачемски кој работи во МВР во време на ковид-19, кога не беше на работна задача во полицијата, помагаше на сите оние кои имаа симптоми или беа заразени со ковид-19, беа во изолација, не можеа да пазарат или немаа превоз. Тој го остави својот мобилен телефон на Фејсбук и беше на располагање на сите кои имаа потреба од храна, лекови, витамини или превоз до болница.

Медицинскиот техничар Јанкуловски цела пандемија во период од ковид-19 беше на терен и секојдневно земаше брисеви на оние кои не можеа да ги напуштат своите домови, најчесто бебиња или повозрасни лица. Секое утро тој на својот Фејсбук профил денот го почнува со песна во живо и потоа продолжува со работните обврски. Од теренското земање на брисеви, кога започна вакцинацијата, Јанкуловски се префрли на вакциналните пунктови. Тој во јавноста е познат како Космонаутко. 

Борче Стаменов е хуманитарец кој склопува стари и донирани компјутери и од нив прави функционални уреди за следење на онлајн наставата на децата. Во период на пандемија Стаменов обезбеди над 800 компјутери преку акцијата „Донирај компјутер“ и донесе исто толку насмевки кај децата. 

Хуманитарецот Февзи Али во јавноста е познат по тоа што го продаде својот џип БМВ Х-5 за да им помогне на оние на кои има требаше храна.  

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ