четврток, 7 мај 2026

Ковачки: Дали власта со закани изнудила изјава на цариник за шверцот на еден тон дрога

Објавено на

часот

Сподели

„Молчи МВР, молчи Обвинителството, молчи Царина, молчат сите за овој огромен скандал во кој еден тон дрога пристигнал на скопскиот аеродром во пратка од Дубаи пријавен како мобилна галантерија за една скопска компанија и истиот бил пуштен да помине. Логиката вели дека штом институциите молчат, тогаш се дебело вмешани во ова”, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој на прес-конференција ја обвини власта дека е, како што рече, протеже на нарко-мафијата и упати неколку прашања:

Повторно ги прашуваме надлежните институции, како е возможно во Македонија преку скопскиот аеродром да влезе 1 тон дрога?

Зошто не демантираат дека пратката освен што била пропуштена да помине, била и придружувана со царински службеници со ротација сѐ до моментот кога дрогата била запрена? 

Дали е точно дека после откривањето на пратката на 5 ноември во Царинската управа бил вклучен црвен аларм, но не да се разоткрие пропустот, туку како да се забошоти овој скандал? 

Дали е точно дека следниот ден високи партиски функционери на власт во царината одржале состанок, после кој на 8 ноември дошло до промена на изјавата на царинскиот службеник вмешан во скандалот? 

Дали е точно дека царинскиот службеник кој бил вмешан во овој скандал првично дал изјава дека добил усна наредба од претпоставен да ја пропушти пратката без да ја прегледа, за после неколку дена да даде видоизменета изјава во која ја побива претходната изјава?

Дали е точно дека власта на СДСМ и ДУИ преку своите функционери во Царината извршила притисок врз царинскиот службеник да ја промени својата изјава? 

„Обидот да се забошоти и да се заборави овој криминал е само потврда дека се работи за мафијашка спрега помеѓу подземјето, власта и обвинителството”, рече Ковачки. 

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ