Костадинов потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ги блокира шесте економски пакети на мерки за граѓаните за справување со ковид кризата, дека го блокираат и бојкотираат законот за изградба на нов Клинички центар и дека блокираат и низа други закони преку кои што граѓаните би добиле некаков бенефит.
„Единственото нешто кое што може да им го порачам е дека токму таквиот бојкот и блокадите ќе ги држат уште долго време ВМРО-ДПМНЕ затворени и изолирани во белата палата“.
На прашањето што ќе стори СДСМ доколку бидат поднесени илјадници амандмани на законските измени Костадинов рече дека ќе се разговара во парламентот, почнувајќи од комисиско отврорање на законот и дека ќе бидат изнесени аргументите за бенефит за државата и граѓаните.
„Ќе повикам уште еднаш на разум кај ВМРО-ДПМНЕ, јас сакам да верувам дека во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои што размислуваат во интерес за граѓаните и за државата и ќе сторам се за да ги охрабрам таквите поединци во ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка на овој закон“, рече Костадинов.






