Први говорници на двоневната дебата денеска беа актуелниот претседател Стево Пендаровски и неговите претходници Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски.
Кондев рече дека Глигоров, како претседател во два мандати до крајот на 1999 година, успешно ги менаџираше меѓуетничките односи, а дека нашата земја беше прва од поранешната СФРЈ, која ја испрати ЈНА без испукан куршум и без жртви.
„По распадот на СФРЈ, ни се даде можност сами да одлучуваме за нашата сувереност и независност, што се случи со референдумот. Тоа се направи со ум и разум, наспроти крвавите разврски во дел од поранешните држави. Веднаш се донесе првиот Устав, а во годините што следуваа цврсто се определивме за политиката на мир, рамноправност и соживот. Македонија стана членка на ОН, макар и со привременото име, што се покажа низ времето како вистинска одлука затоа што можеше да се случи да чекаме со години на прием во меѓународната организација, како што чекавме за НАТО, а сега и за ЕУ, како една од стратегиските цели што државата си ги постави во почетоците на независноста и за која се надевам дека брзо ќе почне да се остварува, како што се случи и со приемот во Алијансата“, рече Кондев.






