недела, 3 мај 2026

Ќоку: Директорите по училиштата од ДУИ да престанат со притисоците врз наставниците

Објавено на

часот

Сподели

„Директорите се закануваат на секој наставник кој е поддржувач на албанската опозиција, а потоа ги условуваат другите да учествуваат во нивните собири на сила, принудно и против нивната волја. И на крајот заканите одат дотаму што бараат да гласаат за ДУИ предупредувајќи ги дека и нивната работа е загрозена доколку не го направат тоа. Најизложени на овие притисоци и уцени се времено вработените, наставниците без решение.

Ние како коалиција Алијанса за Албанците и Алтернативите ги повикуваме споменатите директори итно да го прекинат притисокот, бидејќи сѐ е документирано и наскоро ќе одговараат. Во меѓувреме, наставниците, оние кои се надеж на општеството, највредните луѓе, да се спротивстават, да ја одржат благородната улога што ја имаат и да бидат убедени дека ова се последните денови во кои се соочуваат со овој притисок. Вие драги наставници, ќе бидете симбол на овој отпор и голема победа против диктатурата и неписменоста на оваа бласт. Ние ве уверуваме дека по 17 октомври, никој нема да ве допре, а вие што сте во моментов со договор на дело, ќе го добиете заслужениот статус и идните директори на училиштата ќе бидат избрани од вас заедно со советот на родители“, изјави Ќоку.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ