петок, 8 мај 2026

Кочо Анѓушев именуван за почесен конзул на Малта во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Именувањето на Анѓушев е одобрено  од Владата на Република Малта, а соодветни одобрувања се дадени и од страна на македонската Влада.

„Ќе ми претставува особена чест и задоволство да бидам почесен конзул во нашата држава на Малта која е членка на Европската Унија. Малта, иако мала со околу 460 илјади население, е економски високоразвиена земја од која имаме многу да научиме. Соработката и трговската размена со Малта е на многу ниско ниво и ќе ми биде предизвик да работам на зголемување пред сѐ на економските активности, создавајќи конекции на малтешки стопанственици со нашата држава и да видиме колку производи може да пласираме во Малта“, изјави Анѓушев по повод отворањето на канцеларијата на конзулатот.

Инаку, Малта е економски високоразвиена со годишен бруто домашен производ од над 39 илјади долари по глава на жител. Најразвиени сектори се банкарскиот, ИТ секторот, како и туризмот. Најголем потенцијал за трговска размена се гледа во извоз на земјоделски производи од земјава во Малта.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ