сабота, 2 мај 2026

Кавги во ДОМ, општински организации против коалиција со ЛДП и ДС на локалните избори

Објавено на

часот

Сподели

„Општинските организации Ѓорче Петров, Гази Баба, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Пробиштип, Кочани, Берово, Делчево, Лозово, Радовиш, Дојран, Кисела Вода, Аеродром и Куманово, се оградуваат од нелегитимната и нестатутарната ‘одлука‘ за коалицирање со ЛДП и ДС. Денес без кворум се овозможи да гласаат луѓе што не се членови на Централниот одбор. Тие ги криеја своите лица кога ги фотографиравме за да го евидентираме присуството. Не беше дозволено да добиеме увид во списокот за да се сокрие нелегитимноста и нестатутарноста на ‘одлуката‘. Ова демонстрира дека претседателката нема коалициски капацитет бидејќи нема поддршка од 2/3 од општинските организации“, се наведува во објавата од општинските организации. 

Според партиските членови, денешните случувања се продолжување на, како што велат, насилството што врз своите членови го прави актуелното претседателство.

„Ова е срамно за една зелена партија која треба да ги застапува демократските вредности наместо да ги погазува”, велат тие.

Во меѓувреме ДОМ објави дека Централниот одбор на денешната седница донел одлука

партијата на на претстојните  локални избори да настапи во граѓанска коалиција со партии од центарот и граѓански активисти.

„Подготовките за локалните избори продолжуваат со соработка со партии со сродни програмски приоритети и со граѓански активисти. Централниот одбор за шеф на Централниот изборен штаб го избра Дарко Кржовски, а за негов заменик е избран Огнен Апостолски“, соопштија од ДОМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ