„Кога сме во едно семејство, прво доаѓа неговиот интерес, а потоа на останатите. Мора да се однесуваме како семејство, но мора да се обидеме и да најдеме компромис“, истакнал Јанша за БНР.
Предлог на португалското претседателство за повлекување на бугарското вето за старт на преговорите со земјава, Јанша го оценил како добар.
„За Бугарија е добро да прифати нација која зборува сличен јазик и има блиска култура. Можеби прашањето е спорно, но треба да имаме стратешки поглед на работите“, додал Јанша.






