МНР информира дека враќање или влез во Италија се дозволува „за оние државјани на Северна Македонија кои имаат регулирано долгорочен престој во Италија и за нивните членови на семејството. При влез или враќање во Италија од нашата држава задолжително е презентирање на: Пополнет онлајн формулар за локација (dPLF), негативниот резултат на молекуларен или антигенски тест покрај што сепак следува задолжителна самоизолација и здравствен надзор во период од десет дена. По десетте дена изолација, задолжително е да се изврши дополнителен молекуларен или антигенски тест“.
И Данска има нова одлука, но таа е со извесно олеснување за македонските државјани. Тие во Данска ќе можат да влезат со приложување на валиден ЕУ дигитален сертификат кој што вклучува потврда за вакцинација (одобрени од ЕМА)/, потврда за закрепнување (не постара од 12 месеци) или негативен ПЦР тест.
За повеќе информации македонското МНР упатува на следниот линк.






