петок, 1 мај 2026

Имињата на неколку кандидати за градоначалници ќе се знаат идниот месец, вели Заев

Објавено на

часот

Сподели

Врз основа на Правилник и роковник на СДСМ, одлуките треба да се доносесат на крајот на август, затоа што во првата половина на септември се доставуваат до ДИК, вели лидерот на СДСМ.

„Но, ако донесеме и претходно одлуки коишто ќе значат завршени истражувања, завршени анализи, нема што да чекаме и ќе ги објавиме да знаат граѓаните и да имаат доволно време да направат внимателна анализа, за какви личности се работи, нивните предности и слабости и преку тоа да оформат свој став за нивното одлучување“, рече Заев по отворањето на нова спортска сала во училипште во скопско Волково, каде домаќин му беше градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумовски.

Заев за Наумовски не потврди дека повторно ќе оди на избори за градоначалник.

„Ние сме социјалдемократи и солидарноста и другарството е важно, но прв приоритет на сите нѝ е победата. Мораме да направиме анализи и истражувања. Нашите градоначалници се наши фаворити. Секаде го кажувам тоа. Зошто? Заради тоа што сами реализираа многу проекти во период на парламентарни и претседателски избори, на референдум, но и во време на пандемија“, рече лидерот на СДСМ.

Наумовски, пак, рече дека анкетата е математичка операција и дека се согласува дека е фер кандидатите да бидат истакнати врз основа на анкети и анализи.

„Дај боже да има и повеќе кандидати, сите да се споиме и да го поразиме повторно ВМРО-ДПМНЕ, во што сум сигурен, рече актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ