Но, на едниот документ кој што го објави Петровска недостасува последната бројка, односно го нема бројот 9, па затоа вчера дел од медиумите објавија дека направен е пропуст.
Но, целосниот број го има на задната страна на факсимилот што на прес-конференција го објави Петровска и тој се совпаѓа со бројот што го впишал бугарскиот медиум кога проверувал дали на сајтот на бугарското МВР ја има или не Арсовска.

Разлика исто така има и во името и бојата на очите, односно на објавената копија што ја објави СДСМ на прес-конференција пишува дека Арсовска има зелени очи, а таа има кафени и на објавениот документ на прес-конференцијата стои Даниела, а нејзиниот име е Данела.

Вчера пратеничката на СДСМ Славјанка Петревска објави дека Данела Арсовска има и бугарска лична карта. Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет, изјави Петровска.

По ова, Арсовска негираше дека има бугарски документи, а обвинувањата ги нарече срамни небулози.






