петок, 1 мај 2026

И покрај пречките не се откажувајте од европскиот пат, повикаа амбасадорите на Скопскиот економски форум

Објавено на

часот

Сподели

Според германската амбсадорка Анке Шолштајн, приоритет на владите мора да бидат кредибилни и одржливи реформи, а пристапните преговори со Македонија и со Албанија важно е да почнат што е можно побрзо. Таа рече дека португалското претседателство направи сѐ, но како што изгледа, претстојното словенечко претседателство ќе треба да прeземе понатаму.

„Германија останува силен поддржувач и ќе работи тоа да се случи. Идното членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ е наша заедничка визија и геостратешки интерес. Германија останува цврсто посветена на оваа цел. Довербата и дијалогот се најпотребни со цел да се надмине минатото и да се изгради заедничка иднина. Тоа е напорна работа и бара време. Во регионот, етно-националните наративи сѐ уште наоѓаат плодна земја и шпеклуациите со промена на границите во последните недели, тоа го покажуваат. Таквите идеи се опасни во региони каде луѓе од разни етнички позадини живеат заедно. Тие ја затвораат економската соработка и оддалечуваат регионот од својот европски пат“, изјави Холштајн.

Таа додаде дека граѓаните од Западен Балкан имаат оправдано високи очекувања, и сакаат да видат економски раст, здравство, работа и владеење на правото.

И британската амбасадорка Рејчел Галовеј порача дека и покрај пречките, ЕУ агендата треба да продолжи, а сите јасно се согласуваат дека членството во ЕУ е примарна цел и за Македонија и за целиот регион.

„И покрај пречките што се појавуваат на тој пат, не треба да се откажувате. Во изминатите три години Северна Македонија многу напредна и тоа треба да продолжи. Земјата ги исполни барањата во врска со стабилноста, реформите, договорот со Грција,… а членството во НАТО е огромен придонес за мирот и стабилноста во регионот“, порача Галовеј во обраќањето на панел на Првиот Скопски економски форум.

Според неа, најголем проблем е корупцијата, тоа ѝ попречува на демократија и е пречка за развојот на економијата. А како многу важна ја наведе и регионалната соработка. Галовеј нагласува дека луѓето се најзагрижени поради невработеноста, а реформите треба да одат паралено со интеграцијата во ЕУ – владеење на правото и развој на економијата.

„Но, не сите во земјата и во светот сакаат тие реформи да успеат, зашто се водат од своите интереси и ги злоупотребуваат билатералните несогласувања“, додаде британската амбасадорка.

Амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри рече дека Рим ја поддржува европерспективата на сите држава од Западен Балкан.

„Северна Македонија направи многу и Советот на ЕУ во март 2020 реши дека треба да ги почне преговорите за членство. Сепак, останува уште многу да се постигне, бидејќи европската интеграција е процес. Од тие причини сите чекори треба да се преземат внатрешно во однос на реформите, законодавстото да се усогласи со акито на ЕУ, значи агендата со реформите треба да продолжи и ова може да се направи на регионално ниво. Ова е пристапот кој што Италија силно го подржува“, изјави Силвестри.

Италија, како еден од главните економски инвеститори  во регионот, поддржуват иницијтиви како ЦЕИ и Јадранско-јонската, а важно е и инфраструктурното поврзување.

„Многу е важно да заврши и Коридорот 8 кој се вксрстува со Коридорот 10. Тоа е можност за вашата држава и вие треба да делувате како регионален центар не само како една држава каде се вкрстуваат патиштата, туку навистина да станете една држава цетар. Мора напорно да работите дополнително за да привлечете нинвестиции“, рече Силвестри.

Поголемата регионална соработка, додаде, ќе овозможи поефективно да се решат некои други заеднички предизвици како борбата против трговијата со луѓе, клиамтските промени, тероризмот… Според него, инфраструктурата и регионалната соработка се предуслов за економскиот прогрес, но само тие не се доволни, потребно е да се вклучат и граѓаните и укажа дека на конференцијата за иднината на Европа треба да учествуваат и земјите од регионот, особено младите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ