сабота, 2 мај 2026

Грција не планира да се затвори „за да заштити неколку невакцинирани лица, а да страда огромното мнозинство“

Објавено на

часот

Сподели

„Неподготвеноста на населението да се вакцинира не е проблем само на Грција, туку и на глобално ниво. Не можеме да ја направиме вакцинацијата задолжителна, но земјата нема повторно да се затвори за да заштити неколку невакцинирани лица, за да страда огромното мнозинство од грчкото население што е вакцинирано“, изјавил Мицотакис во радиоинтервју.

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на ковид-19“ веќе е објавена во Службен весник на Грција и стапи во сила во 6 часот утрово, а важи до 15 јули 2021 година. Според одлуката, за патување во Грција потребен е или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР-тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или, пак, потврда за прележан коронавирус, како и пополнет ПЛФ-формулар.

Македонија и натаму е на листата на држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ