сабота, 2 мај 2026

Голем дел од градоначалниците на СДСМ сметаат дека биле успешни во првиот, па бараат втор мандат

Објавено на

часот

Сподели

„Денес ја поднесов мојата кандидатура за градоначалник на општина Бутел. Благодарност до сите членови на СДСМ Бутел за поддршката што ми ја дадовте да бидам единствен предложен кандидат на СДСМ Бутел за градоначалник на Општина Бутел“, напиша Велимир Смилевски на својот фејсбук профил.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска и официјално во просториите на ОО СДСМ Аеродром ја достави кандидатурата за уште еден мандат. Во соопштението за медиумите се вели дека тој им се заблагодарил на членовите во сите месни одбори кои му ја дадоа поддршката за нов градоначалнички мандат.

Актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска денеска за ТВ Тера изјави дека ќе оди на втор мандат за градоначалник. Таа изјави дека ваквата одлука ја донесла откако била предложена во најголемиот број месни организации на СДСМ и по согласноста која ја добила од нејзиното најтесно семејство.

Во трката за градоначалник за Битола од СДСМ конкурирале над петнаесетина кандидати.

И градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска објави дека ќе бара од СДСМ повторно да го кандидира за градоначалник. Тој денеска поднел кандидатура до СДСМ со која бара матичната партија уште еднаш да го номинира како кандидат за градоначалник на Куманово на претстојните локални избори кои ќе се одржат наесен.

„Во изминатите неполни четири години реализиравме многу заеднички проекти за наше Куманово, финансиски си ја стабилизиравме општината и ја направивме перспективна. Поддршката од граѓаните на сите релевантни анкети и непосредни средби беше мотив повеќе во предвиден рок да поднесам кандидатура и програма со континуитет во мојата партија за нов градоначалнички мандат. Верувам дека ќе продолжиме и во иднина заедно со граѓаните да имплементираме нови проекти за едно модерно и европско Куманово“, напиша Димитриевски на својот фејсбук профил.

Димитриевски веќе подолго време не се согласува со политиката на раководството на СДСМ,

И Филип Темелковски, градоначалникот на Кисела Вода напиша дека има амбиција за уште еден мандат и дека се надева на поддршката и од партијата и од граѓаните.

Александар Наумовски ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Ѓорче Петров. Наумовски најавува и победа во првиот круг. „СДСМ и коалициските партнери ми укажаа голема чест за мојата повторна кандидатура за градоначалник на Ѓорче Петров, да добијам реванш овојпат во фер услови. Голема благодарност за истрајноста и поддршката од ѓорчепетровци во изминативе четири години. Ветувам дека агонијата во којашто беше западнато Ѓорче во последниве години, ќе ја смениме. Тоа Ѓорче го заслужува, да биде модерна општина. Напоменувам дека Ѓорче не признава партии, но огрномниот рејтинг кон мене е резултат на препознавањето кој е вистински борец за решавање на проблемите на граѓаните. Тој огромен рејтинг ќе ми биде водилка да не ги разочарам, бидејќи гарантирам победа во прв круг“, изјави Наумовски.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов неодамна изјави дека ќе побара поддршка од партискиот лидер Зоран Заев за уште еден мандат.

На последните локални избори одржани на 15 октомври 2017 година 10 општини од Скопје добија градоначалници од владејачките СДСМ и ДУИ.

Заев неодамна вчера изјави дека дел од актуелните градоначалници на СДСМ повторно ќе бидат кандидати за функцијата, при што посебно издвои неколку општини во земјава, како Валандово, Богданци, Конче, Кочани, Старо Нагоричане, Крушево, Маврово-Ростуша, Демир Капија…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ