„Поддршката доаѓа од сите страни и мене ми е мило што е така. Тоа ми дава уште поголем мотив да ги реализирам проектите кои ги ветив и да ја оправдам оваа доверба. Овде целосно ќе ги реконструираме матичниот објект на градинката Корчагин и малото фудбалско игралиште. Ќе поставиме нова и модерна урбана опрена, а преку преземање на градски паркинг во ПОЦ истиот ќе го направиме резидентен за станарите“, изјави Герасимовски.
Герасимовски потсети и на проектите кои општината ги реализираше изминатиот период. Тој рече дека влогот во предучилишните установи е влог во квалитетно образование и градење на здрави генерации. Герасимовски потсети на целосното реконструирање на објектот „Пепелашка“ по цели 65 години кој згрижува 115 деца на површина од 894 м² во склоп на градинката „Р.Ј. Корчагин“.
Тој исто така потсети на реконструираното детско игралиште кај блок 9, новата урбана опрема и поправениот систем за полевање.
„За реализација на овие проекти и многу повеќе за наш Центар во недела масовно да излеземе на гласање, да го заокружиме бројот 12 и да одбереме проекти кои ќе ни го олеснат живеењето во Центар“, порача Герасимовски.






