сабота, 2 мај 2026

Фон дер Лајен до крајот на месецов во посета на Западен Балкан со поддршка за приклучување кон ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Како што јавува МИА од Брисел, Фон дер Лајен ова го најавила за време на нејзиниот годишен говор за Состојбата на Европската Унија, што се одржува секој септември и во кој претседателката ги презентира успесите и предизвиците на Унијата.

„Пред крајот на овој месец ќе отпатувам во регионот за да испратам силен сигнал на заложба за процесот на пристапување, им го должиме ова на сите млади кои веруваат во европската иднина“, рече шефицата на Европската комисија.

Според изворите на МИА во Брисел, „претседателката ќе ги посети сите земји во регионот, вклучително и Северна Македонија за време на нејзиното патување, помеѓу 28 и 30 септември“.

Таа потсети дека Европската Унија го поддржува регионот и економски преку Економскиот и инвестициски план кој изнесува третина од целокупниот бруто домашен производ на регионот, затоа што, како што рече, „инвестицијата во Западен Балкан е инвестиција во иднината на ЕУ“.

Фон дер Лајен не ги спомена поединечно земјите од регионот како што го често го правеше тоа во минатото, посебно фактот дека Северна Македонија и Албанија ги исполнуваат условите за почеток на преговорите со ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ