сабота, 2 мај 2026

Европско знаменце за еколошката такса, зашто е дел од европската „Зелена агенда“, смета премиерот

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот рече дека европско знаме на законските предлози се става по два основа од кои „првиот е со коресподентни табели, кои значат целосно спроведување на одредени регулативи и директиви, а вториот согласно европската агенда, односно европските преокупации“. Тој рече дека правните служби ќе го разгледаат и решат ова прашање.

„Не постојат основи за коресподентни табели и нема директива и регулатива, но е поврзано со европската агенда и правните служби ја разгледуваат оваа опција како можност. Сепак, веруваме дека парламентот ќе изнајде начин да се донесе законот заради тоа што со еколошката такса, која е нова давачка, дефинитивно нафтата кај нас останува најевтина во споредба со било која земја во соседството и од земјите-членки на ЕУ“, рече Заев.

Воведувањето на таксата, како што кажа, доаѓа во момент кога се намалува и претходно зголемената акциза затоа што во моментов цената на нафтата е 597 долари по барел, а штом стигне до 600 веднаш се укинува дополнителната акциза од два денара.

„На тој начин се случува една своевидна компензација. Придобивките од воведувањето на еколошката такса се огромни, со нив фаќаме чекор со сите модерни и демократски земји кои водат грижа за здравјето на својот народ и создаваат еколошки фондови кои ќе бидат неопходни заради заштита на здравјето, воздухот и сите други еколошки аспекти на живеачката“, смета Заев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ