петок, 1 мај 2026

Европратеници во македонското Собрание, се разговара за Деловникот во рамки на „Жан Моне“ процесот

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од пратеничките групи, договорено е разговорите да не се најавуваат во контекст на актуелната состојба во земјата и деновите на жалост. Европратениците веќе биле во Скопје кога беше донесена одлуката за тридневна жалост поради трагедијата во Тетово со препорака за откажување на јавни настапи, така што договорот бил средбите да се одржат, но да нема јавни настапи.

Освен со Џафери, се очекува Ќучук, Валсман и Марион да имаат средба и со потпретседателите на Парламентот, Горан Мисовски и Фадил Зендели и со генералната секретарка Цветанка Иванова, како и поединчени средби со координаторите на пратеничките групи, Јован Митрески од СДСМ, Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, Арбер Адеми од ДУИ, Скендер Реџепи од коалицијата на АА и Алтернатива, Кастриот Реџепи од Беса, Димитар Апасиев од Левица и Мендух Тачи од ДПА. Потоа ќе следува заедичка средба на која ќе присуствуваат и други пратеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ