петок, 1 мај 2026

ДЗС: Пописот тече со намален интензитет, ги надминуваме проблемите со софтверот, има постојани напади на нашите веб-страници

Објавено на

часот

Сподели

Од ДЗС велат дека се вршат техничките интервенции во софтверот за пописната апликација поради што се диктира и прилагодува темпото на попишување заради санирање на пречките кои доведуваа до успорување на пописната апликација.

„Тимот за техничка поддршка на пописните активности работи забрзано на надминување на проблемот и има сериозен прогрес, што значи дека во најбрз можен рок сите попишувачи ќе можат непречено да си ја извршуваат својата работа. Веб-страниците на Државниот завод за статистика се под постојани напади и затоа во одредени периоди не се достапни поради заштитите што се користат за спречување на овие напади. Страниците се со највисоко ниво на безбедност, а податоците се заштитени на повеќе нивоа по највисоките ИТ стандарди’, соопштува ДЗС.

Од Државниот завод за статистика се апелира до јавноста да има разбирање за овие технички проблеми кои се вообичаени кога станува збор за масовни операции со користење на напредни технологии и дека процесот на попишување е во рамки на планираното и очекуваното и тој ќе биде целосно, успешно и крајно професионално завршен до 30 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ