петок, 1 мај 2026

Државен завод за статистика: Во тек е надминување на технички проблеми со пописот

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека се попишани повеќе од 200.000 граѓани за четири дена и дека во тек се технички усогласувања за да се задржи високиот интензитет на попишување

„Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој започна да се спроведува на цела територија на Северна Македонија на 5 септември се одвива со голема поддршка и интерес од граѓаните. Потврда за тоа е големата бројка на попишани граѓани. Само во првите четири дена со попишувањето се опфатени повеќе од 200.000 граѓани. Државниот завод за статистика изразува благодарност до сите граѓани кои свесни за важноста од спроведување на оваа најобемна статистичка операција, се конструктивен партнер во процесот“, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

Инаку, како што веќе утрово објавивме, теренските попишувачи денеска не излегле на терен по добиените инструкции од Заводот, по што нивна претпоставка била дека можеби пописот ќе биде прекинат и спроведен само електронски од канцеларија со користење на базите податоци за граѓаните и нивниот имот од повеќе државни институции.

Според податоците, ажурирани пред малку на сајтот на Заводот, заклучно со вчера во 20 часот, во земјава се попишани 199.313 лица, а во дијаспората 192.095 лица со македонско државјанство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ