Довжан истакна дека португалското претседателство направило многу и оти е убеден дека Слоенија ќе успее да придонесе за исполнување на целите, особено за отворање на преговорите со Македонија и Албанија.
Вториот столб на словенечкото претседателство со ЕУ ќе биде спроведување на економскиот инвестициски план и отворање преспективи за младите, економска сработка во регионот и заеднички регионален пазар.
Третиот столб ќе биде создавање платформа за изнаоѓање решенија за отворените прашања во регионот, бидејќи, посочи Довжан, поголемата соработка ќе значи и поголема стабилност на регионот.






