петок, 1 мај 2026

ДКСК денеска ќе се произнесе за „специјалниот закон“ за „Бехтел и Енка“

Објавено на

часот

Сподели

Законот, по скратена постапка, вчера беше изгласан во Собранието. Тој е конкретна реализација на  Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола. Со него првпат се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер,  за којшто власта уверува дека ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа.

Со предложеното законско решенија сe уредува проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 8 и проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 10 Д, како поединечни проекти за капитални инвестиции од стратешко национално значење за  државата.

Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК неодамна ја повика Владата да се откаже од ангажирање на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите од Коридорот 8 и Прилеп – Битола преку „специјален закон“. Таа рече дека преку директна спогодба овој конзорциум би се прогласил за стратешки инвеститор, а изградбата на автопатите за национален интерес. Тоа ја отвора вратата за евентуално коруптивен договор, а ДКСК ваквиот закон, доколку се изгласа, ќе го оспори пред Уставен суд, изјави Ивановска.

„Станува збор за закон од висок ризик за корупција и ќе го дадеме на Уставен суд. Како е можно тој закон да биде согласност со Уставот, а при тоа да се фаворизира еден оператор“, прашува претседателката на ДКСК.

За компанијата „Бехтел и енка“ поврзани се бројни скандали за вакви слични договори во Косово, Романија и Хрватска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ