недела, 3 мај 2026

Димитров-Која: Мисијата на ОБСЕ е наш важен партнер

Објавено на

часот

Сподели

Вицепремиерот Димитров, како што информира Секретаријатот за европски прашања, ја нагласил улогата на Мисијата на ОБСЕ за унапредување на демократијата и зајакнување на владеењето на правото, особено преку мониторирањето на изборниот процес и судските постапки.

„Европеизацијата на нашето општество подразбира поставување на соодветна правна и институционална рамка во клучните области, но дотолку повеќе е потребно нивно спроведување на терен и токму во таа смисла, Мисијата на ОБСЕ е наш важен партнер“, истакнал Димитров.

Соговорниците размениле мислења и за реализацијата на активностите на Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија за наредниот период, со посебен акцент на областите кои се приоритетни цели и во „Агендата: Европа дома”.

Амбасадорот Која ја истакнал важноста од остварување на континуиран напредок во реформскиот процес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ