На вчерашната седница ДИК донесе заклучок со кој се потврди конечноста на резултатите од гласањето за избор на совети на општините и изборот на градоначалници во општините Кисела Вода и Пласница.
Државната изборна комисија донесе изменување на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња, со што ги задолжи избирачките одбори задолжително да постапуваат според членот 109 став (2) и да ставаат печат на секое гласачко ливче, но доколку има ливчиња без ставен печат, за таквите да постапат согласно член 115, а во врска со член 110 од Изборниот законик и таквите ливчиња да бидат важечки доколку вољата на гласачот е јасно изразена.
На седницата ДИК ги одобри барањата за набљудување на вториот круг од локалните избори од здружението Млади европски федералисти, Американската амбасада Скопје и ОБСЕ – ОДИХР Канцеларијата за демократски институции и човекови права на изборите.






