сабота, 2 мај 2026

Денеска во Скопје Урсула Фон дер Лајен, а утре и Оливер Вархеји

Објавено на

часот

Сподели

Фон дер Лајен во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија, а по средбите со македонските државни домаќини ќе одржи прес-конференција на која ќе одговара на разни прашања.

„Претседателката оди во Западен Балкан да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот, ова се партнери на ЕУ со кои имаме многу силни врски и посетата ќе биде можност да се разговара за овие односи, вклучувајќи и за односите со Бугарија“, изјави портпаролот на ЕК Ерик Мамер.

Фон дер Лајен од денеска до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан почнувајќи од Албанија и Македонија. Посетата на регионот се случува една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи на 6 октомври во Словенија, со лидерите од регионот. Од Европската Унија инсистираат дека овој самит нема да биде „самит за проширувањето“, туку можност да се разговара за односите на ЕУ и регионот.

Утре во Скопје ќе допатува и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со други државни и партиски функционери. Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде што разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите на ЕУ со Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ