понеделник, 4 мај 2026

Демократски сојуз повикува во вториот круг од локалните избори да се гласа за коалицијата на СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

„Остануваме цврсто определени за реформите кои обезбедуваат да останеме на патот кон Европската Унија, да јакне стабилноста и економскиот развој. Само сите заедно можеме да направиме пресврт и во вториот изборен круг да обезбедиме победа а со тоа поддршка на владините политики кои се во интерес на граѓаните.

Како дел од стабилното владино мнозинство, цврсто стоиме на ставот дека треба да продолжиме заедно со цел Македонија да се движи напред. Со одбрана на своите принципиелни ставови и активности ќе работиме во интерес на сите граѓани како и на развојот на државата.

По завршувањето на локалните избори развојот на општините останува еден од нашите највисоки приоритети“, соопшти ДС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ