понеделник, 4 мај 2026

МОН бара да се врати старата пракса, наместо ученици, наставници да контролираат по ходници за време на одморите

Министерството за образование и наука (МОН) постапува по закон и по сопствените ингеренции, случајот со врсничко насилство во основно училиште во Ѓорче Петров е пријавен во Државниот просветен инспеторат (ДПИ), но дополнително се обративме до градоначалниците и испративме допис до училиштата дека мора да се врати една стара пракса која постоеше и покажуваше ефекти, а тоа е на големите и малите одмори да има дежурен наставник, а не дежурни ученици по ходниците, туку дежурни наставници кои ќе водат грижа за настаните во училиштето, не само по ходниците и во дворот на училиштето, изјави денеска ресорната министерка Весна Јаневска.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Таа посочи дека тоа што се случило надвор од училиштето не е оправдување, тие се ученици на одредено училиште и наставниците мора да имаат увид во тоа како се однесуваат нивните ученици, затоа што, како што рече, тоа е воспитно образовен процес.

„Со овој допис ги задолживме дежурните наставници да бидат на видно место за кога ќе оди ДПИ во контрола да ги види. Се надевам дека ќе даде некаков ефект и оваа мерка која ја промовираме. Сега дополнително е што е по прирачникот за справување со врсничко насилство и по закон се спроведува. Оттука и градоначалникот и директорот и наставниците треба да си ги спроведат своите обврски така како што е пропишано. МОН го прави тоа што треба да го направи. Оваа мерка е задолжителна и е испратена до сите училишта во државата“, додаде Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ