петок, 1 мај 2026

Централната прослава ќе се одржи пред Собранието на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Централната прослава ќе биде на отворено пред Собранието на Македонија со почеток во 17:30 часот, а ќе започне со изведба на делото „Симфонија за филхармонија” од композиторот Живоин Глишиќ по што следи дефилето.

Според протоколот, официјалниот дел ќе почне во 18:30 часот со интонирање на државната химна од страна на Воениот оркестар, по што ќе следуваат говорите на државниот врв. Обраќање ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.

По обраќањето на премиерот, односно од 19:30 часот започнува музичкиот дел со изведба на песна специјално аранжирана за оваа прилика и музички дел со познати солисти кои заедно со Националната филхармонија ќе изведат неколку антологиски забавни нумери.

Покрај официјалните гости и медиумите, според протоколот и актуелната состојба со пандемијата, предвидено е присуство на околу 1.000 акредитирани граѓани кои приложиле вакцинален сертификат или потврда за прележаност од Ковид-19.

Поради одбележувањето на празникот, затворени за сообраќај од 11 часот ќе бидат бул. „Кочо Рацин” на потегот од крстосницата со бул.„Кузман Јосифовски Питу” до ул.„Кирил и Методиј”, ул.„11-ти Октомври” на потегот од ул.„Крушевска Република” до ул.„Димитрие Чуповски”, ул. “Филип Втори” на потегот од бул.„Гоце Делчев” до ул.„11–ти Октомври”, Кеј „13–ти Ноември” на потегот од ул.„Филип Втори “до бул.„Кочо Рацин”, ул.„Мирче Ацев” на потегот од ул.„Филип Втори „до бул.”Кочо Рацин”, ул.„Димитрија Чуповски” на потегот од порта Македонија до бул.„Климент Охридски” и ул.„Даме Груев” од крстосницата со ул. „Македонија” до ул. „11-ти Октомври”

Претседателот Стево Пендаровски денеска по повод Денот на независноста, со орден „8 Септември” ќе ги одликува Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание, како и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година.

Претседателот Пендаровски, премиерот Зоран Заев, замениците на премиерот Артан Груби, Љупчо Николовски и Фатмир Битиќи како и министерка за образование и наука Мила Царовска ќе положат цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски на градските гробишта Бутел во Скопје.

Цвеќе пред вечните почивалишта на Глигоров и Трајковски ќе положи и собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, составена од пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Велика Стојкова-Серафимовска

Во пресрет на одбележувањето синоќа артилерискиот баталјон на Армијата изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ