петок, 1 мај 2026

Бугарија одамна вети, а сега ќе нѝ испорача вакцини чиј рок истекува за дваесет дена

Објавено на

часот

Сподели

Бугарскиот министер ги информирал пратениците дека компанијата „Фајзер” без одлука на национален парлемант, не ѝ дозволува на ниту една држава да продава или донира вакцини. Кацаров призна дека донацијата требало да се изврши во јуни, но дека во тоа не се успеало поради сложени процедури

Уште кон крајот на минатата година официјална Софија ѝ вети на Македонија дека ќе ѝ донира извесна количина на вакцини од секоја пратка што ќе ја добие, а тоа лично го слушна и македонскиот министер за здравство Венко Филипче кој на 22 декември присуствувал на седница на бугарската влада.

Имаше неколку ветувања и потоа, почнувајќи од тогашниот премиер на Бугарија Бојко Борисов, како и од министри, но вакцини досега не се тргнати кон Македонија.

Инаку, Бугарија е на дното на европската листа според процентот на вакцинирано население. Очигледните проблеми на планот на имунизацијата доведоа до одлука на Македонија да ѝ се донира количина вакцини пред истекот на нејзиниот рок за употреба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ