сабота, 2 мај 2026

Блокадата од Бугарија е предавство, порача Џозеф

Објавено на

часот

Сподели

Како аргумент дека ЕУ потфрли и продолжува да потфрла во регионот го наведе како пример македонскиот случај.

„Ветото на Франција беше историска грешка, но блокадата на Бугарија е предавство. Тоа е предавство на европските вредности“, рече Џозеф.

Според него, Америка го почитува она што Македонците го направија во овој регион со храброста да се склучи Преспанскиот договор и македонската Влада и владата на Алексис Ципрас покажаа дека во овој регион може да се решат спорови со дигнитет и мудрост.

„Лани, сред кампањата Џо Бајден им го честиташе Илиндинското восатние на македонските граѓани. Тоа немаше да се случи ако не беше потпишан Преспанскиот договор“, рече Џозеф.

Тој уште додаде дека проблемите во регионот се решливи и не треба да се зборува колку биле тешки.

Како пример ја наведе извршната наредба на Вашингтон за санкции кон бугарски функционери и бизнисмени поради корупција и рече дека САД можат лесно да ги споделат податоците со нивните европски партнери, но не сакаат да го направат тоа поради амбивалентниот однос на европските институции кон корупцијата.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ