недела, 3 мај 2026

Бислимоски: За нападот врз мене очекувам извинување до Регулаторната комисија

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски се уште се консултира со своите адвокати дали да поднесе приватна тужба против лицето кое физички го нападна во вторникот вечерта во угостителски објект во Скопје.

„Постапката е во тек, ќе се советувам со моите адвокати и ќе видиме како ќе го решиме тој проблем во наредниот период и како ќе постапам. Напаѓачот не ми се извини мене и воопшто не е битно дали ќе ми се извини или не. Треба да ѝ се извини на институцијата, бидејќи јас ја претставувам институцијата. Марко е денес, утре ќе биде Петко, Станко, треба сите во оваа држава да имаме однос кон институциите, бидејќи институции ја прават државата. Интересот на државата е секогаш најбитен и ќе остане така за вечност“, рече Бислимоски..

Претседателот на РКЕ во вторникот вечерта физички беше нападнат во и пред угостителски објект во центарот на Скопје од страна на Аријанит Џафери, кој поседува лиценца за продажба на електрична енергија. Против неговата фирма РКЕ почна постапка за одземање на лиценцата поради неисполнување на обврските од договорот за снабдување кај дел од корисниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ