понеделник, 4 мај 2026

Бесими за Извештајот на ЕК: Продолжуваме со напорите за подобрување на транспарентноста во управувањето со јавните финансии

Објавено на

часот

Сподели

Во делот на економската политика, Бесими на својот Фејсбук-профил напиша дека Предлог-законот за органски буџет е во собраниска процедура и предвидува воспоставување фискални правила, независно тело за фискален надзор и среднорочна буџетска рамка. Во однос на зголемување на транспарентноста и отчетноста на буџетските трансакции, Министерството за финансии на својата веб-страна воведе Фискален бројач и Фискален календар.

„За консолидација на јавниот долг на среден рок Планот за забрзан економски раст 2021-2025 е во процес на консултации во Владата. Планот ќе бара иновативни начини за мобилизирање приватни инвестиции. Воведен е Механизам за ефикасност на капиталните расходи – КАПЕФ за зголемување на извршувањето на буџетот“, пишува министерот.

Тој додаде оти првичниот ефект од одговорот на фискалната политика за ублажување на социо-економските последици од пандемијата на коронавирусот е задоволителен, а како соодветни се покажале и мерките за плати и креирање нови работни места.

За да се одберат најсоодветните мерки за структурни реформи, министерот Бесими пишува дека започнале да се развиваат капацитети за проценка на економските, социјалните и еколошките влијанија на економските политики.

„Програмата за економски реформи 2021-2023 година беше поднесена навреме. Земјата беше најдобра во спроведување на насоките за политики усвоени во Заедничкиот дијалог меѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција во мај 2020 година“, додава тој.

Според Бесими, Министерството за финансии продолжило со напорите за подобрување на транспарентноста во управувањето со јавните финансии. Тој вели дека е подобрен порталот Отворени финансии, со кој се обезбедуваат информации за трансакциите направени од Општините.

Министерот Бесими информираше дека е започната нова алатка што ја следи транспарентноста на јавниот долг, а системот за јавни финансии бил промовиран како еден од приоритетите на Владата.

„Фокус беше ставен на замена на традиционалното буџетирање со буџетирање со перформанси и воведување повеќегодишна буџетска рамка. СМАРТ индикаторите за ефикасност беа дефинирани за да се постигне спроведување на зацртаните цели и имплементација на резултатите“, вели министерот за финансии.

Тој додаде дека од октомври 2020 година, Министерството за финансии започнал со објавување податоци за приходите и расходите јавните и државните претпријатија на квартална основа и податоци за извршувањето на буџетот на локалната самоуправа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ