петок, 1 мај 2026

Бекташите му пишаа на Стејт департментот и велат дека се судски регистрирани и дека се единствените претставници на Бекташите во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот на Стејт департментот се вели дека се чека на одлука на Основниот суд 2 во Скопје по извештајот на Европската комисија во мај 2019-та со кој се повикува Владата да изврши усогласување со претходната пресуда на Европскиот суд за човекови права во која се посочува дека Владата треба да ги преиспита своите претходни одбивања на апликациите на овие групи.

Во писмо на Бекташиската верска заедница на Македонија до Стејт департментот (21 јуни) пишува дека тие се судски регистрирани уште во ноември 2017 година со седиште во Хадр баба теќе во Кичево и дека тие се законските претставници на Бекташите во Македонија.

Во врска со извештајот за верските слободи на Стејт департнентот, Бекташиската заедница додава дека тие се за обединување на сите Бекташи во Македонија и враќање на сопственоста над нивното свето седиште во Арабати баба теќе во Тетово. Во писмото тие ја повикаа американската амбасадорка Кејт Брнз да го посети нивното седиште во Кичево.

Од Бекташиската заедница информираат дека бараат поддршка и од македонската влада и од Собранието да ги вклучат во Уставот. Освен тоа, на 10 јули во Арабати баба теќе формиран е и Советот на текето Арабати баба составен од 9 членови, а за претседател бил избран Беким Сулејмани, а за секретар на Советот Флакрон Кадриу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ