четврток, 30 април 2026

Беким Поцеста – кандидат на Алијанса за Албанците за градоначалник на Дебар

Објавено на

часот

Сподели

„Д-р Беким Поцеста е познат низ целиот регион и пошироко по неговиот извонреден придонес како неуморен доктор во служба на здравјето на граѓаните. Тој е познат по својата работа, професионалност, однесување и искреност за време и надвор од практикувањето на оваа професија колку и да е тешка и благородна“, објави на фејсбук дебарскиот огранок на партијата.

„Покрај професионалните обврски, Поцеста е познат и како поддржувач и активист на разни културни и граѓански иницијативи, а е и еден од основачите на фестивалот „Албански театар во Македонија“ што во почетокот на септември по дваесеттипат, традиционално, ќе се одржи во Дебар. Познат е по скромноста и искреноста што го карактеризира. Промената ќе дојде и Дебар со него ќе стане место какво што сите сакаме да биде“, се наведува во објавата.

Беким Поцеста е роден во Дебар 1968 година, оженет е и татко на две деца. Дипломирал на Медицински факултет, по што специјализирал кардиологија. Работи во Клиниката за кардиологија во Скопје, каде во еден период беше и директор.

Освен Поцеста во трката за градоначалник на Дебар ќе биде уште еден доктор. Хекуран Дука, уролог, е кандидатот на ДУИ за градоначалничката функција во Општина Дебар. Дука е актуелен градоначалник на Дебар избран на предвремените локални избори од 21 април 2019 година, распишани по смртта на дотогашниот градоначалник Ружди Љата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ