На прашањето, дали мислите дека членството во ЕУ ќе биде добра работа, лоша работа или ниту добра, ниту лоша работа за вашата економија, 53 отсто од испитаниците од Македонија одговориле дека ќе биде добра работа, 33 отсто дека ќе биде ниту добра, ниту лоша работа, а 11 отсто дека ќе биде лоша работа.

Најголеми оптимисти се граѓаните на Косово и Албанија, каде што 91 отсто и 84 отсто од анкетираните гледаат позитивно на членството во ЕУ. Во Србија, пак, членство во ЕУ поддржуваат помалку од половината од граѓаните, односно 42 отсто. На ниво на цел регион на Западен Балкан, 63 отсто од анкетираните поддржуваат членство во ЕУ, а против се 8 отсто, додека како неутрални се изјасниле 27 отсто.
Инаку, од анкетираните во Македонија, 21 отсто веруваат дека земјата ќе стане членка на ЕУ до 2025 година, 31 отсто до 2030 година, а исто толку воопшто не веруваат дека некогаш ќе биде примена во ЕУ.






