четврток, 30 април 2026

Арсовски: Повикуваме на вакцинација, ама мерките против невакцинираните се фашизам

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот оцени дека „новите мерки на Владата се класично лудило“, и како што додаде, само вакцинираните смеат да живеат нормално, а оние кои што прележале коронавирус и имаат доволно антитела или пак оние кои што немаат примено вакцина, не смеат да живеат нормално како другите односно вакцинираните граѓани.

Арсовски рече дека „фашистичка Влада се движи кон нејзиниот крај“ и оцени дека од појавувањето на заразната болест во земјава секоја мерка на Владата била промашена и неефикасна и дека како резултат на тоа се 5.500 починати лица.

Според ВМРО-ДПМНЕ, последната мерка значи дискриминација на граѓаните и дека секој граѓанин има право на избор што не смее да биде ограничен ниту од премиерот ниту од министерот за здраство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ