четврток, 30 април 2026

Иран е спремен на разговори со САД, но само ако го „сменат однесувањето“

Иран е подготвен за преговори со Соединетите Американски Држави, но само под услов Вашингтон да го промени своето однесување, гласи пораката која министерот за надворешни работи на Иран ја испрати денес преку Јапонија, пишува Скај њуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во телефонски разговор со јапонскиот премиер Санае Такаичи, шефот на дипломатијата на Иран Абас Арагчи го повтори ставот на Техеран дека несигурноста во регионот произлегува од постапките на САД. Притоа, тој се осврна на блокадата на Ормускиот теснец, која ја нарече „американско поморско пиратство“. Иранските државни медиуми ја објавија неговата изјава: „Иран е подготвен да продолжи преку дипломатија и преговори ако Вашингтон го промени своето однесување“.

И иранскиот претседател Масуд Пезешкијан разговарал денес со јапонскиот лидер. Според извештаите на државните медиуми, тој исто така истакнал дека постапките на Израел и САД се одговорни за нестабилноста во регионот.

Ставовите на Техеран за ова прашање не се нови и биле соопштени и претходно. Сепак, преговорите се во застој бидејќи САД не се откажуваат од блокадата, додека Иран одбива дипломатски контакти додека не се променат овие услови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ