сабота, 2 мај 2026

Арсовски: ЕУ и амбасадите да го следат предметот „Топлик“, кадија и тужи и суди

Објавено на

часот

Сподели

Според Аровски, станува збор за најбрутално прекршување на законите и уништување на правосудството директно од страна на судот и директно од директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев, а поврзан со предметот “Топлик”.

„Државната комисија за спречување на корупција децидно се произнесе дека заради судир на интереси Борис Тунџев, како директор на катастар, не смее да изготвува вешто мислење, бидејќи е спротивно на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и на Законот за катастар на недвижности. И покрај тоа, овој владин функционер и послушник на Заев, по втор пат ја злоупотребува својата службена положба во овој предмет и изготвил вештачење, кое би требало да биде единствениот доказ врз основа на кој обвинетите можат да бидат осудени. Кадија те тужи, кадија те суди“, рече портпаролот.

Тој рече дека ТУнџев прв пат го прекшил законот кога за потребите на истрагата на СЈО за „Топлик“ изготвил вештачење и тоа го наплатил, иако не важечка лиценца за вештак. Портпаролот додаде дека во тоа време и неговата ќерка била вработена во СЈО, со што Тунџев го прекршил Законот за спречување на корупција и судир на интереси, за што е поднесена кривична пријава.

Арсовски го повикуваме Јавното обвинителство, по допрен глас, веднаш да поведе постапка против Борис Тунџев за постапување спротивно на Законот за спречување на корупција и Законот за катастар на недвижности, како и за злоупотреба на службената положба и овластување од Кривичниот Закон.

„Ја повикуваме Државната Комисија за Спречување на Корупција, согласно нивните надлежности, а во врска со Мислењето кое веќе го имаат дадено, веднаш да преземат дејствија против Борис Тунџев за прекршување на двата претходно кажани закони, како и против судскиот совет, кој го отфрла мислењето на ДКСК. Ги повикуваме исто така и Канцеларијата на Европската Унија, како и Амбасадите да го следат и да го нотираат овој случај, кој е еклатантен пример за уназадување на реформите во правосудството и кршење на човековите права согласно сите домашни и меѓународни стандарди“, рече Арсовски.

На крајот порача дека „самоволието на власта, односно самоволието на Тунџев, каде што мисли дека со личен интерес и бенефит што го добива од Заев и СДСМ ќе може да тероризира луѓе, еден ден ќе биде предмет на обработка на правосудните органи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ