На прашањето дали ќе гласаат на локалните избори, 51,9% од испитаниците изјавиле сигурно да, додека 22,8% веројатно да. Одѕивот на локалните избори во 2017 година изнесувал 68,4%.

На прашањето за советничките листи, најпопуларна е листата на СДСМ – 28%, по што следува советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ – 21,5%, на Левица – 11,1%, на ГРОМ 8,8 отсто. За Независни за Карпош се изјасниле ист број на граѓани како и за ЛДП/ДОМ – по 2 отсто.

Ако се споредуваат резултатите од локалните избори во 2017 година, анкетата покажува дека на овие избори Левица би имала значително подобри резултати, резултатите за СДСМ би биле полоши, а подобри би биле и резултатите за ВМРО-ДПМНЕ и за ГРОМ.
Анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од 653 испитаници, постари од 18 години. Примерокот е стратификуван репрезентативен по урбано/рурално население и етничка припадност.






