сабота, 2 мај 2026

Анкета: Корупцијата и нефункционирањето на правниот систем се најсериозните проблеми за развој на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето е спроведено од 18 до 23 јуни на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници.

Како главни причини за постоечкото ниво на корупција граѓаните сметаат дека е толеранцијата на граѓаните (29%) и тоа што самата власт ја поттикнува корупцијата (28,8%). За 24,6 отсто од анкетираните граѓани проблемот е и во надлежните институции (МВР, обвинителство судови…) кои не се борат против корупцијата.

Корупцијата стои високо на рејтинг листата на најважните проблеми со кои се соочува земјата – неповолната економска ситуација и невработеноста (44,9 отсто) и корупцијата и нефункционалниот правен систем (30,4 отсто).

Само 12,8 отсто од испитаниците можат да посочат некој конкретен случај на корупција во изминатата година, при што најголема свесност постои за случајот Рекет 1 и за случајот со тендерите на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.

Приближно 20% од испитаниците, односно кај околу 40% од оние кои се вработени постои опасност да го изгубат работното место. Опасноста за губење на работното место е поизразена кај испитаниците кои се вработени во приватниот сектор.

Само една третина од испитаниците сметаат дека денес е лесно да се најде работа во приватниот сектор. Овој процент е  нешто повисок кај испитаниците кои се вработени во приватен сектор и кај невработените.

Анкетирањето беше спроведено во периодот од 18 јуни до 23 јуни со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: +-3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол и возраст во однос на проценките за населението од Државниот завод за статистика од 2019 година.

А.Д.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ