недела, 3 мај 2026

26 години од атентатот врз Киро Глигоров, истрагата е во тек

Објавено на

часот

Сподели

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. На повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција до работното место во Собранието. Бомбата, поставена во автомобил „ами 8“, експлодираше кога автомобилот на претседателот поминувал покрај него.

Во истрагата се претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. МВР извршило и повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата.

Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ