сабота, 2 мај 2026

12 кандидати за градоначалник на Скопје, вкупно 297 кандидати за 81 градоначалничко место

Објавено на

часот

Сподели

За градоначалничкото место на Скопје пријавени се досега најмногу кандидати – дури 12. Покрај веќе познатите кандидатури на Петре Шилегов (СДСМ и ДУИ), Данела Арсовска (независна кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ), Ана Петровска (иницијативата Зелен хуман град), на листата се приклучија и Александар Тортевски (Твоја), Тодор Ношпал (Интегра), Бени Шаќири (ДОМ и ЛДП),  Петар Георгиевски-Камиказа (Левица), Горан Арсовски (Комунистичка партија- Титови леви сили), Мунир Колашинац (Бошњачки демократски сојуз), Владимир Трајковски (Родина Македонија), Славе Несторовски (ТМРО) и Љубомир Јосифовски (Демократи, Работници и Независни).

За Општина Центар има 7 кандидати – Горан Герасимовски, Наташа Котлар, Антони Новотни и уште четворица други, во Карпош Душко Весковски, Оливер Зафировски, Стевчо Јакимовски и други, вкупно 7, во Аеродром Александар Филиповски и Тимчо Муцунски и уште тројца.

За кумановската градоначалничка функција ќе се тркаат Максим Димитриевски како независен кандидат, Оливер Илиевски (СДСМ) и Тони Михајловски (ВМРО-ДПМНЕ). Кандидати за градоначалник на Тетово доставија партиите Движење Беса, ДПА, СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Движење за држава и правда и Интегра.

Во Гостивар кандидатури за градоначалници поднесоа политичките партии Движење Беса, ДУИ, ДПА и коалициите на Алијанса и Алтернатива, без кандидати од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

За Маврово Ростуше има шест листи за советници и само две кандидатури за градоначалничката функција. Во Прилеп се поднесени пет кандидатури за градоначалник и осум кандидатски листи за советници.

Дали сите што поднеле листи ќе станат кандидати, ќе се знае најдоцна до сабота. До тогаш, општинските комисии треба да ги проверат и потврдат кандидатурите.

Ждрепката за редоследот на гласачкото ливче ќе се изврши на 23 септември, а кампањата почнува на 27 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ