петок, 7 ноември 2025

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

Основниот кривичен суд Скопје соопштИ дека е прифатен предлогот на Обвинителството за определување мерки на претпазливост за осомничениот во случајот на тешка сообраќајна несреќа на булевар „Гоце Делчев“ во центарот на градот кога управувајќи автомобил фолксваген пасат удрил во сега починатиот Јорго Ќука, кој на велосипед се движел по обележаниот пешачки премин.

Објавено на

часот

Сподели

Мерките на претпазливост за осомничениот кој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот се одземање на македонска и српска патна исправа, одземање на возачка дозвола, забрана за напуштање на живеалиште и обврска да се јавува повремено кај надлежен државен орган.

Како што информира Обвинителството, на 3 ноември, управувајќи автомобил фолксваген пасат по булеварот Гоце Делчев во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал со неприлагодена брзина која не му овозможувала да запре навремено во случај на потреба или пречка.

„Пристигнувајќи на пешачки премин на крстосницата со улицата Лазар Личеноски осомничениот 37-годишник со предниот дел на возилото удрил во велосипед, управуван од сега починатиот Јорго Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Од ударот оштетениот се здобил со тешки телесни повреди и починал“, соопшти ОЈО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ