сабота, 15 ноември 2025

Онлајн купувачите веќе се тука. Дали вас ве има?

Ако 93,5% од интернет корисниците во светот купиле производ онлајн, вашиот бизнис има голем потенцијал за раст на продажбата затоа што од милијардите интернет-корисници сигурно дел ќе стигнат и до вашата онлајн продавница. Доколку ја имате.

Објавено на

часот

Сподели

За луѓето веќе е пракса додека сурфаат по интернет платформите попатно и да купат нешто онлајн или барем да ги проверат оценките за некој производ или бренд. Затоа онлајн продавницата на секоја компанија е нејзиниот прозорец кон светот, кој го привлекува вниманието на потенцијалните купувачи и го презентира вашиот бренд.

Доколку имате мал или среден бизнис и сѐ уште се мислите дали да инвестирате во дигитална трансформација, треба да знаете дека е-продавницата ќе ви помогне повеќе луѓе да слушнат за вашиот бренд, потоа да купат ваши производи или услуги и да ги препорачаат на други преку оставање оценки или споделување на своето искуство на социјалните мрежи.

Затоа не треба да се двоумите кога станува збор за додавање нова вредност на вашиот бизнис, за што најважната работа ќе ви ја заврши E-commerce услугата на Комерцијална банка.

Со оваа дигитална услуга вашиот бизнис добива ефикасен и сигурен начин за да ја отвори својата продажба кон светот. E-commerce ќе му обезбеди 5 клучни придобивки на бизнисот:

  1. Достапност за сите купувачи, 24/7/365 – тие одлучуваат кое време е најпогодно за купување.
  2. Зголемена продажба со помалку трошоци – во светот на интернетот нема потреба од отворање и одржување продавница. Сѐ што ви треба веќе го имате во вашиот компјутер или мобилен уред.
  3. Прифаќање на сите Mastercard и Visa картички, од која било банка, од која било земја во светот – веќе не сте ограничени на една локација и на еден пазар како кај физичката продавница.
  4. Највисока безбедност на трансакциите – Е-commerce услугата на Комерцијална банка е во согласност со 3D 2.0 Secure технологијата, развиена од страна на меѓународните платежни системи Visa International и Mastercard Worldwide, односно ги има имплементирано Verified by Visa и Mastercard Secure Code
  5. Целосна евиденција на сите трансакции – имате постојан и детален увид на сите трансакции направени преку вашата интернет продавница, со што можете подобро да го планирате вашиот бизнис.

Покрај овие основни придобивки, со E-commerce услугата на Комерцијална банка можете да ја надградите вашата онлајн продажба и со:

  • Card on file (зачувување на картичката) – која овозможува безбедно чување на платежните податоците на купувачите, со што нивните повторни плаќања се побрзи и поедноставни.
  • Recurring payments (повторувачки наплати) – кои се повторуваат на одредени циклуси и се погодни за наплата на месечни претплати, членарини и сл.
  • WooCommerce plugin – доколку интернет-страницата е изработена во wordpress и користи WooCommerce plugin за е-трговија, Банката без надомест го обезбедува истиот.
  • Можност за рефундирање/делумно рефундирање – преку трговскиот профил кој ќе ви го обезбеди Банката.
  • Прилагодување на дизајнот на редирект страницата каде што се внесуваат податоците при плаќањето.
  • Плаќање преку мобилни апликации.
  • Pay by Link – едноставен и безбеден начин за наплата доколку сѐ уште немате веб-продавница. Испратете линк до вашиот купувач и овозможете му лесно онлајн плаќање со платежна картичка.

Никогаш не е доцна да започнете со создавање на вашата онлајн продавница. Еве и неколку совети за добар старт: називот на веб-страницата нека биде што поблиску до називот на вашата фирма, направете веб-страница што ќе личи на вашата приказна, а не само на вашиот производ. Наполнете ја со содржина што ќе му даде причина на купувачот да се врати.

И, најважно од сè – изберете сигурен и ефикасен начин за онлајн наплата. Со e-commerce решението на Комерцијална банка, можете безбедно и едноставно да ги примате уплатите од вашите клиенти, да ја зголемите довербата и да му дадете на вашиот бизнис вистинска дигитална предност.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ